Познатиот шведски производител на електрични автомобили, Polestar, чија сопственост сепак завршува во Кина, претстави смартфон кој ќе биде достапен само за кинеските корисници.

Polestar Phone е тука да им конкурира на производителите на смартфони кои се почесто се одлучуваат да влезат на пазарот на електрични автомобили, а тоа посебно е случајот во Кина со Huawei и Xiaomi.

Телефонот е од високата класа, а ќе се продава по цена од околу 1000 долари. Доаѓа со екран со големина од 6,7 инчи, има камери со 50 мегапиксели кај главната и уште две со по 13 и 10 мегапиксели, како и „селфи“ камера со 32 мегапиксели.

Polestar Phone работи на Snapdragon 8 Gen 3, со што станува јасно зошто е во највисоката категорија.

Очекувано, телефонот ќе дојде со софтвер кој ќе го направи доста погоден за корисниците кои имаат Polestar автомобил. Тој ќе биде поврзан со софтверот на автомобилот и корисниците ќе можат да ги користат функциите од телефонот, а ќе може да се користи и за отклучување и заклучување на автомобилот.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаПуштена најновата верзија од Ubuntu која доаѓа со долгорочна поддршка
Следна статијаФИТР со нов јавен повик за „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации”
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.