Едно од најпознатите возила во светот, барем за љубителите на научно фантастични возила, DeLorean од „Враќање во иднината“, повторно добива најава за претставување на модерна и целосно електрична верзија.
Во оваа фаза најавата е за концепт возило, односно уште не се очекува претставување на возило кое ќе се продава.
Новиот и во концепт форма DeLorean, заедно со името ќе бидат откриени на 18 август оваа година на Concours d’Elegance настанот во Pebble Beach во САД. Возилото ќе биде достапно неколку денови, а околу откривањето се планираат повеќе настани.
Ова укажува на тоа дека од компанијата која сега ги поседува правата на брендот, се сериозни оваа година да претстават модерен DeLorean, после неколкуте најави кои ги имаат изминатите години.
За возилото нема никакви информации во овој момент, односно од компанијата објавија само една слика со дел од возилото преку која може да се добие некаква претстава за тоа што може да се очекува.
Дополнителни очекувања се добиваат и кога ќе се земе во предвид најавената соработка со компанијата Italdesign која е во сопственост на Volkswagen.