Елон Маск, стандардно преку сега неговата мрежа X, најави дека Tesla ќе влезе на пазарот на такси со автономни возила. Tesla Robotaxi сепак не е нешто за кое првпат се слуша, а Маск со години најавува ваква можност.
Сега од компанијата ќе презентираат повеќе информации за Robotaxi, а според најавата од страна на Маск тоа ќе се случи на 8 август оваа година.
Во претходните најави од Маск се најавуваше и можноста сопствениците на Tesla автомобили да го пријават својот автомобил да се користи како автономно такси, па тие да заработат додека се на работа или одмор.
Дали Tesla Robotaxi ќе биде сервис кој ќе ја има и оваа можност, засега не е познато, а не е ни познато дали 8 август ќе биде само презентација или ќе може да се очекува некаков почеток уште оваа година.
Има време до август, па ќе видиме тогаш што точно планираат од Tesla.