Еден од најпознатите светски автомобилски брендови, Volkswagen Group, ќе формираат заедничка компанија со американската Rivian преку која ќе развиваат софтверски решенија за идни електрични автомобили.
Како дел од оваа соработка, Volkswagen ќе инвестираат во Rivian околу 5 милијарди долари во наредните години, од кои 1 милијарда треба да биде инвестирана наскоро.
Соработката треба да им донесе предности на двете компании, а Rivian ќе можат да продолжат со производството на нивните познати модели на електрични автомобили со поголема финансиска сигурност.
Според информациите, оваа компанија се’ уште прикажува загуби во работењето, па затоа и инвестицијата од страна на Volkswagen Group треба да се покаже како доста клучна за продолжетокот на развојот.
Од друга страна Volkswagen ќе го добие искуството и успехот во развојот на електрични автомобили, а посебно во софтверскиот дел од Rivian, нешто што според информациите треба да пополни послаб дел кај оваа компанија.
Заедничката компанија ќе биде контролирана подеднакво од страна на Volkswagen Group и Rivian. Технологијата која ќе биде развиена од страна на оваа компанија ќе ја користат две компании, а Rivian ќе ги направи достапни досега патентираните технологии кои ги имаат.
Оливер Блуме, извршен директор на Volkswagen Group рече: „Нашите клиенти имаат корист од насоченото партнерство со Rivian за да се создаде водечка технолошка архитектура. Преку нашата соработка, ќе ги донесеме најдобрите решенија за нашите возила побрзо и по пониска цена. Ние, исто така, дејствуваме во најдобар интерес на нашите силни брендови, кои ќе инспирираат со нивните иконски производи. Партнерството беспрекорно се вклопува со нашата постоечка софтверска стратегија, нашите производи и партнерства. Го зајакнуваме нашиот технолошки профил и нашата конкурентност“.
АрЏеј Скаринџ, основач и извршен директор на Rivian рече: „Многу сме возбудени што соработуваме со Volkswagen Group. Од најраните денови на Rivian, ние сме фокусирани на развивање на високо диференцирана технологија и возбудливо е што една од најголемите и најпочитуваните светски автомобилски компании го препозна ова. Не само што се очекува ова партнерство да го донесе нашиот софтвер и поврзаната зонална архитектура на уште поширок пазар преку глобалниот досег на групацијата Volkswagen, туку ова партнерство, исто така, се очекува да помогне да ги обезбедиме нашите капитални потреби за значителен раст. Ривиан е создаден за да му помогне на светот да се оддалечи од фосилните горива преку привлечни производи и услуги, а ова партнерство е прекрасно усогласено со таа мисија“.