Дали би ги продале вашите лични податоци за 8 долари месечно? Оваа опција ја нуди компанијата Datacoup од New York која сака да стане прво пазарно место за лични податоци. Првото мислење за оваа идеја е по малку чудно, но ако убаво размислиме Datacoup не е прва ’’tech’’ компанија која сака да стекне приход преку продажба на податоци,  но е единствена што нуди пари во замена за информација.

Секојдневно многу луѓе несвесно споделуваат податоци кои подоцна се користат за различни цели и анализи. Еден пример е пишување и пребарување на ’’google search’’, или користење на картичка од некој супермаркет со која се добива попуст, а со тоа и дозвола на трговците да прават анализа и да ги користат податоците.

sell-your-data

Идејата на оваа компанија е многу едноставна, ако Facebook може да профитира од нашите податоци зашто да не можеме и ние (http://www.technologyreview.com/featuredstory/428150/what-facebook-knows).

sell-your-data2

Datacoup нуди можност за агрегација и продажба на податоците од вашите профили на друштвените мрежи (Facebook, Twitter итн.), но и од извештаите за трансакациите направени со вашите кредитни и дебитни картички. Изборот кои податоци ќе ги продадете и на кого, зависи од вас. Оваа компанија планира да заработува од продажба на добиените информации на маркетинг компании, но откако ќе се отстранат сите лични детали.

Ко-основачот на оваа компанија Matt Hogan за MIT TECH Review (http://www.technologyreview.com/news/524621/sell-your-personal-data-for-8-a-month) изјави дека по вредно е да се купат податоци од оваа компанија, отколку од други извори бидејќи Datacoup нуди директен увид на активностите и потрошувачката.

Досега 1.500 корисници се имаат пријавено и споделено лични податоци, но сè уште ниедна маркетинг компанија нема покажано заинтересираност да ги купи податоците.

Оваа идеја за продажба на податоци не е нова. Интересен пример има од еден дечко од New York кој пробал да ги продаде своите лични податоци на Kickstarter. Но, сигурно ова не е единствен случај судејќи според сè почестите случаеви на искористување и заработка од лични податоци од страна на Twitter, Facebook и многу други.

Претходна статијаХакнат Kickstarter, украдени повеќе податоци
Следна статијаВашиот мобилен може да ги замени хотелските клучеви