Денес WordPress.org го претстави WordPress 3.7, нова верзија од овој познат Систем за менаџирање на содржина (CMS). Истата донесува новости во „задниот“ дел од системот, односно Backend-от. Новата верзија може да ја инсталирате со симнување од следниот линк за мануелна надградба преку FTP или преку One-click Update на Dashboard > Updates делот.
Што ново донесува WordPress 3.7?
- Автоматски позадински надградби Сите наредни надградби на WordPress поврзани со одржување и сигурност ќе се прават автоматски, па вие нема да треба веќе да кликате и воопшто да размислувате за истите.
- Подобри препораки при креирање на лозинка Поради важноста на изборот на добра лозинка, WordPress сега ќе забележува кога правите некои познати грешки, како што се користење на дати, имиња, шеми на тастатурата и дури референци од поп културата при креирање на лозинката.
- Подобра глобална поддршка Локализираните верзии на WordPress ќе добиваат побрзи и поцелосни преводи.
Доколку сакате да ја погледнете детална листа на новости во WordPress 3.7 посетете го следниот линк.