Покрај се поголемата конкуренција од страна на Google и Microsoft, но и други компании, Dropbox останува еден од најпопуларните cloud сервиси за складирање на податоци. Тоа покрај другото е постигнато со редовно одржување на сервисот, односно воведување на нови функции, како и достапност на повеќето популарни платформи.
Од денеска за корисниците е достапна нова верзија од десктоп апликацијата на Dropbox, која што овозможува синхронизирање на податоците локално. Верзијата ја доведува апликацијата до бројката 3, а истата ги вклучува следните новини:
- Освежување и мала промена на корисничкиот интерфејс на Windows и Linux
- File Indetifiers – функција која што овозможува следење на промените на името и локацијата на фајловите како дел од системот за прикажување на постарите верзии од фајловите
- Поддршка за подолги paths на Windows
- Нов интерфејс за првично сетирање на апликацијата на Linux
- Нови екрани за стартување на апликацијата (splash screen)
- Нови икони за Finder на OS X
- Нова икона за tray во Windows
- Поддршка за новите светли и темни теми во OS X Yosemite
Како и обично, покрај промените, апликацијата вклучува и подобрувања на перформансите и исправка на грешки и багови.
Новата верзија од Dropbox за десктоп можете да ја симнете преку официјалната страна, односно преку следниот линк.
Извор: Dropbox