Dropbox-Pro-Logo

Без разлика колку загриженоста за приватноста онлајн ги стави под знак прашалник сервисите кои што нудат чување на фајлови во облакот, сепак тие остануваат едни од најпопуларните и корисни сервиси кои што им се достапни на корисниците денес. Со просторот кој што го нудат, веќе не мора да се грижите за големината на вашиот хард диск, а исто така работата на повеќе уреди е овозможена без потреба од додатни активности. Конкуренцијата во оваа област е голема, па cloud решенија се достапни од повеќе компании како Dropbox, Google, Microsoft, Amazon, Box и други.

Веќе видовме намалување на цените и зголемување на просторот од некои од другите компании, па сега на ред дојде и Dropbox, што беше очекувано како реакција. Почнувајќи од денес, Dropbox воведува неколку новини во својот Pro сервис. Тоа е сервисот кој што беше наменет за корисниците кои што не им е доволен бесплатниот простор кој што доаѓа со основната сметка. Па така, до сега беа достапни три пакети кои што нудеа дополнителни 100, 200 и 500GB, по цена од 9,99, 19,99 и 49,99 долари соодветно. Почнувајќи од денес, веќе не постојат три посебни пакети, па корисниците ќе можат да изберат само еден Pro пакет кој што ќе ја има цената од досега најмалиот достапен, но со многу повеќе простор. Единствениот Dropbox Pro пакет ќе чини 9,99 долари месечно или 99,99 долари за цела година и ќе вклучува 1TB простор за складирање. Ова дефинитивно може да се каже дека е добра реакција од компанијата на промените на другите компании.

Исто така, покрај промена на пакетите и просторот, претплатниците на Pro пакетот ги добиваат и следните нови функции:

  • Лозинка за споделените линкови која што додава уште еден слој на заштита со што само луѓето со лозинката ќе можат да пристапат до споделениот фајл или папка

Password-protected-links

  • Рок на траење на споделените линкови со што ќе можете да одредите колку време луѓето со кои што имате споделено фајл или папка ќе имаат пристап до нив
  • Пермисија која што овозможува само прегледување на споделениот фајл или папка од страна на луѓето со кои што ги имате споделено
  • Можност за исклучување на синхронизацијата на фајловите од уред кој што е украден или изгубен, како и можност за бришење на сите фајлови од тој уред при неговото наредно вклучување

Remote-wipe

Извор: PCWorld, Dropbox

Претходна статијаApple ќе претстави 12,9 инчен iPad идната година
Следна статијаFirefox OS ќе им дозволува на корисниците да ги избираат посебните пермисии на апликациите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.