1-e1431456559724

На почетокот од овој месец можевме да прочитаме неофицијална информација според која што Facebook планира нов начин на прикажување на новости на нивната мобилна апликација. Уште тогаш најавена дека ќе се вика Instant Articles, новата функција е официјално претставена и за почеток ќе биде достапна само за корисниците на мобилната Facebook апликација на iOS.

Instant Articles е функција која што им овозможува на издавачите, односно веб страните со новости, нивните статии да ги постават директно на серверите на Facebook. Тоа значи дека кога корисникот ќе кликне на статијата, таа ќе се отвори директно во апликацијата и директно од серверите на социјалната мрежа.

Со оваа функција според Facebook треба да добијат сите засегнати страни. Статиите ќе се отвораат многу побрзо, нешто што според истражувањата од Facebook обично се прави за околу 8 секунди кога се чека линкот да се отвори на страната од издавачот.

Издавачите ќе имаат можност да го прилагодуваат изгледот на статијата, а на неа ќе биде истакнато нивното лого, линк до нивната Facebook страна и слично. Статиите ќе можат да имаат слики, видеа, аудио на сликите, можност за лајкување на делови од статијата, како и локациски сервиси.

Поради тоа што отворањето на овие статии директно од серверите на Facebook нема да се брои во посетите на главната страна од издавачот, тие ќе имаат можност да продаваат реклами и да го задржат профитот целосно. Исто така, доколку издавачите сакаат да го користат системот за реклами на Facebook, тие ќе добиваат одреден процент.

screen-shot-2015-05-13-at-8-50-43-am

За почеток оваа функција ќе ја користат 9 издавачи на информации и тоа: The New York Times, National Geographic, BuzzFeed, NBC, The Atlantic, The Guardian, BBC News, Spiegel и Bild.

Поддршка за Instant Articles се најавува и за Android платформата, меѓутоа не е најавено точно за кога.

Извор: Facebook

Претходна статијаКуба има вакцина против рак на бели дробови – а САД се заинтересирани да ја добијат
Следна статијаGoogle Chrome екстензиите ќе мора да се инсталираат од Web Store и на развојните верзии
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.