news-feed-fewer-hoaxes-example

Можеби ќе си помислиме дека после толку години на масовно користење на интернетот и се поголемиот број на активни корисници, до сега ќе се престанеше со објава на линкови кои што се измама. Дека корисниците до тој степен ќе научеа да ги препознаваат нив, па едноставно немаше да ги отвораат, а со тоа ќе се изгубеше главната причина за нивното објавување.

Под линкови измами се мисли на линкови до статии кои што нивниот наслов, како и содржина не се точни и содржат одредени за корисниците интересни, меѓутоа недокажани тврдења. Овие информации често се и докажани дека не се точни или дека барем уште не е познато за да може некој да ја тврди нивната вистинитост.

Во оваа група спаѓаат и линковите кои што водат до статија чии што наслов нема никаква поврзаност со содржината, и се наменети чисто за привлекување на внимание и кликови до страната.

Корисниците кои што имаат обичај да ги отвораат овие линкови, а често и да ги објават на нивниот Facebook профил, потоа често откриваат дека се работи за грешна вест, па истите ги бришат.

Facebook воведува промена во својот алгоритам која што треба да го намали бројот на вакви објави, односно објави со лажни вести и слични измами. Корисниците исто така ќе имаат можност специјално да ги означат ваквите објави преку досегашниот начин за сокривање на веста и листата на причини за истото. Во листата додадена е причината „Се работи за лажна вест“ (It’s a false news story).

news-feed-fewer-hoaxes-report-a-story-as-false

Врз основа на бројот на корисници кои што ја имаат означено објавата како лажна, односно измама, како и бројот на корисници кои што ќе ја избришат истата, Facebook ќе ги означува овие објави како лажни. Потоа, ќе го намали прикажувањето на овие објави, а исто така ќе ги означи со наслов кој што ќе ги предупредува корисниците дека повеќе други корисници ја имаат означено веста како лажна.

Како што знаете, поради огромниот број на објави на Facebook, како и потребата за заработка, никогаш не ги гледаме сите објави на нашата листа со новости од сите страни кои што ги следиме, односно лајкуваме. За што ќе биде прикажано е задолжен алгоритамот на Facebook кој што ги филтрира објавите врз основа на нивната популарност, како и точност.

Оваа промена треба да овозможи корисниците поретко или воопшто да не ги гледаат објавите кои што се намерно измама. Од Facebook нагласуваат дека објавите кои што се наменети да бидат во категоријата хумор и слично, па поради тоа содржат лажни вести, доколку се точно означени како такви, корисниците не ги означуваат како лажни.

Сопствениците на страни кои што објавуваат лажни вести, може да очекуваат намалување на прикажувањето на нивните вести кај корисниците.

Од порталот ZDNet истакнуваат навистина логичен потенцијален проблем со овој начин на ознака на објавите. Што ако одредена вест која што не е лажна, одредена група на луѓе решат да ја означат како таква поради тоа што тие не се служуваат со истата. Такви објави може да бидат од политиката, религијата, науката и слични области кои што често има групи со тотално спротивни ставови.

Извор: Facebook

Претходна статијаЛиста на најлоши лозинки за 2014 – Корисниците продолжуваат да ги користат 123456, password и слични
Следна статијаСистемски прилагодувања за технолошката револуција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.