celebstyleweekly-new

Начинот на кој што Facebook во последните години одлучува кои постови ќе имаат приоритет, односно ќе ги видат повеќе луѓе, а кои помалку, е тема на дискусија помеѓу сопствениците на страни. Поради зголемувањето на корисниците на социјалната мрежа, бројот на Facebook страни, како и содржината која што се споделува, веќе скоро и не е можно да видите се што е постирано од вашите пријатели и страните кои што ги следите, односно ги имате лајкнато. Исто така, Facebook сепак е компанија составена од голем број на акционери кои што сакаат што повеќе да заработат, па прикажувањето на постовите на листата со новости зависи и од тоа колку страните се спремни да платат за тоа. Сепак, алгоритамот кој што одлучува кои постови ќе бидат прикажани, а кои не, е сложен и зависи од популарноста на постот, платените пари и повеќе други фактори.

Оваа недела од Facebook најавија дека планираат да преземат нешто во врска со постовите кои што се од типот на click-bait, односно мамка за клик. Овој тип на постови се карактеризираат со наслов и слика кои што ништо не откриваат за содржината на статијата, а содржат само некоја интересна изјава и тврдење дека морате да кликнете на неа. Најчесто овие статии потоа не содржат ништо од интерес за корисниците, па тие веднаш ја исклучуваат статијата. Од Facebook истакнуваат дека ваквите линкови имаат голем процент на кликови, меѓутоа дека корисниците во исто време би сакале да гледаат повеќе статии кои што имаат реален наслов, со кратко објаснување на статијата со што би знаеле дали сакаат да кликнат, а не тоа да го дознаат откако ќе ја кликнат статијата.

За да оценат дали се работи за пост со мамка за клик, Facebook ќе го анализираат времето поминато на страната до која што води линкот, односно дали корисниците остануваат на страната после кликање на линкот или веднаш се враќаат на Facebook. Постовите кои што се во категоријата на мамка за клик ќе бидат намалени, па корисниците би требало да почнат се поретко да ги гледаат на нивната листа со новости.

atlantic-seafood2

Од Facebook исто така најавија, повторно, дека ќе го зголемат прикажувањето на статии кои што се постирани преку системот за линкови на мрежата, односно преку ставање на линкот директно во полето или користење на Share од страната. Статиите кои што ќе бидат поставени заедно со слика или како статус објава, поретко ќе се прикажуваат.

culinarian-new

Извор: Facebook, Mashable

Претходна статијаGoogle ги тестира само управувачките автомобили во компјутерска симулација
Следна статијаRalph Lauren претстави поло маичка со вградени сензори
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.