onthisday

Facebook може да се каже дека веќе постои доволно долго време за да корисниците на оваа мрежа не знаат што се имаат објавувано во изминатите години. Ова посебно важи за помладите корисници кои што објавуваат многу работи во текот на еден ден.

Новата функција која што ја претстави Facebook е наменета токму за активните корисници кои што би сакале да се потсетат што имаат објавувано во годините што поминале. On This Day, како што кажува и самото име, ги прикажува сите објави, слики, како и објави во кои што сте биле означени, на истата дата во изминатите години.

Прикажаните работи се достапни само за корисникот додека не реши да ги сподели со некој од неговите пријатели. Исто така, можно е вклучување на нотификации, па секој ден да бидете известувани доколку има нешто интересно на тој ден.

OnThisDay1

On This Day функцијата ќе биде постепено пуштана за корисниците, па шансите се дека во овој момент не е достапна за вас, како што беше во нашиот случај. До истата се пристапува преку посебното додаденото копче, преку пребарување или директно преку следниот линк.

Можноста за прегледување на објавите од денот ќе бидат достапни преку веб, како и мобилната апликација. Корисниците ќе имаат можност да ги бришат прикажаните објави од минатото доколку сметаат дека не сакаат да им останат на нивниот профил.

Ова е добар начин за потсетување на одредени случувања и настани во минатото на кои што можеби имаме заборавено. Исто така, може да се каже дека е и добар начин за откривање на работи кои што не би сакале да останат на профилот.

OnThisDay2

Извор: Facebook

Претходна статијаКина го создаде првиот трамвај кој работи на водород
Следна статијаНовите светилки на Sengled – Поглед кон иднината на паметни домови
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.