news-feed_screenshot-3

Од денеска Facebook почнува со имплементирање на нов дизајн на својот news feed (листа со новости), кој што постепено ќе биде достапен за сите корисници во неделите што следат. За разлика од целосните редизајни кои што обично не поминуваа добро кај корисниците, овој пат се работи за подобро осмислена промена која што е направена врз основа на долгогодишни искуство и консултирање со корисниците.

Facebook од сега ќе ги користи стандардните фонтови кој што се користат во оперативните системи, па така за корисниците на Windows ќе се користи Arial фонтот, додека за OS X корисниците ќе биде користен Helvetica фонтот. Со оваа промена news feed-от треба да биде посличен со остатокот од компјутерот, односно да им овозможи на корисниците поедноставно и познато искуство.

Друга промена која што се воведува со овој редизајн е користењето на стил на карти при прикажувањето на секоја од посебните новости. Овој стил сигурно ви е познат доколку сте корисник на некоја од мобилните апликации на Facebook. Исто така левата лента ќе биде доста поедноставена и во неа нема да бидат прикажани сите информации со кои што истата е преполна сега, а корисниците ретко која од нив ја користат.

Исто така коментарите кои што ги оставаат корисниците на некоја од објавите веќе нема да бидат вовлечени (indented) на десно, односно тие ќе бидат поставени во посебен простор што треба да обезбеди подобра читливост на содржината.

Сликите од сега ќе бидат прикажувани во нивната целосна ширина, а доколку постирате повеќе слики, истите ќе бидат прикажани во колаж.

Извор: TechChrunch

Претходна статијаMicrosoft ќе ги потсетува корисниците на Windows XP за крајот на поддршката на овој оперативен систем
Следна статијаVLC за Windows 8.1 ќе биде достапен од понеделник
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.