Ширењето на лажни или неточни вести не е ништо ново за цивилизацијата. Меѓутоа, проблемот стана особено сериозен откако начинот на комункација го дистигна актуелното ниво и споделувањето на лажните вести стана полесно отколку ширењето на вистината.
Спектакуларните наслови неретко се поактуелни и попримамливи за просечниот читател, па со самото тоа привлекуваат поголем интерес и создаваат поволен терен зад нив да се крие неточна информација која има за цел да создаде конкретно мислење или да пренесе одредена, неточна, порака.
Со цел оваа ситуација да се стави под контрола, лидерите во сферата на интернетот како Facebook и Google ја интензивираат борбата против ширењето на ваквите информации. Најголемиот пребарувач Google, за таа цел пушти во употреба сервис за проверка на факти, кој ќе им помогне на читателите да направат дистинкција во морето информации.
Сервисот, беше иницијално претставен во октомври минатата година, а замислен за објавувачите на вести. Меѓутоа, од компанијата веројатно ја согледале потребата од поголема промоција на сервиост, па истиот од сега ќе се појавува помеѓу првите понудени резултати на пребарувањето и ќе биде достапен глобално. Се разбира, ваквиот принцип ќе се употребува за пребарување на „жешки“ теми и нема да биде достапен за сите можни пребарувања.
Што се однесува до интерфејсот „проверените факти“ ќе се појавуваат при врвот како сугестија во рамка, слично на начинот на кој Google ги прикажува дискографиите од музичари или податоците за некоја личност. Проверката на факти ќе се базира на заклучоците на други сервиси кои се занимаваат со истата работа, како Snopes или Politico. Меѓутоа, што е многу важно, Google нема да инсистира на наметнување на мислења или застапување што е факт во одредена ситуација. Па така, при пребарувањето на извесна тема за која се нудат повеќе факти и повеќе страни на приказната, истите ќе бидат соодветно прикажани без фаворизирање.
Извор: AndroidAuthority