Креирањето на потсетници е едноставно преку мобилните уреди, посебно доколку тоа го направите преку Google Now користејќи гласовна команда. Од Google сметаат дека многу често нешто се присетуваме дека треба да го направиме додека сурфаме од нашиот компјутер, па процесот на креирање на потсетник сакаат да го направат уште поедноставен и брз.
Наместо да го зимате вашиот мобилен телефон или да креирате потсетник преку апликација на вашиот компјутер, сега тоа ќе можете да го направите директно преку лентата за пребарување на Google. Се што треба да направите е да внесете add reminder или create reminder и текстот за потсетникот, како што е дата, име или место. Како што доколку внесете сума во одредена валута, па на посебен дел од страната ќе биде претворена валутата во други, така и со ова пребарување ќе се прикаже дел од каде што ќе можете да го прилагодите потсетникот. По завршување со прилагодувањето, го зачувувате потсетникот и ќе бидете потсетени преку Google Now апликацијата на вашиот Android или iOS телефон, како и Chrome за десктоп прелистувачот.
Функцијата ќе биде овозможувана за корисниците постепено во периодот што следи, па моментално не работи во нашата земја. Со оглед на тоа што Google Now не работи или на работи целосно за корисниците на нашата земја, останува да видиме дали креирањето на потсетници ќе може да се користи кога ќе биде пуштено за сите планирани корисници во светот.
Извор: Ubergizmo, TNW, Google Operating Systems