hero-dhp-chrome-win

Правото да бидете заборавени е дел од Европската директива за заштита на податоците, која што во последните години е надополнета со можноста да побарате одредени работи поврзани со вас на интернет да биде тргнати, доколку сметате дека тие се несоодветни или дека веќе не се релевантни. Овој закон доби популарност после одлуката на Европскиот суд во корист на шпански државјанин кој побара од Google да ги тргне линковите до одредена статија во весник која што се однесува на него.

По објавата на оваа одлука бројот на барања кои што пристигаат до Google се значително зголемени, па Google решава да почне да ги спроведува. Верувањето е дека од компанијата сакаат да покажат што ќе почне да се случува со постоењето на вакви закони, нешто за кое што тие приговараа до Европската Унија.

BBC и The Guardian објавија дека се известени од страна на Google, односно од автоматизиран систем за известување, дека одредена бројка од нивни статии се тргнати од резултатите од пребарувањата од европските верзии на пребарувачот. Тоа значи дека доколку корисниците на некоја од верзиите на Google од европските земји, како на пример google.co.uk, побараат нешто поврзано со тргнатите линкови, тие веќе нема да можат да ги видат. Оригиналните статии се достапни на страните каде што се објавени, но луѓето нема да можат да дојдат до нив преку Google. Сепак доколку истите резултатите бидат пребарани од некоја друга верзија на Google, тие ќе можат да бидат најдени без никакви ограничувања. При пребарување на нешто за кое што има барање за тргање на линкот, Google на страната со резултатите нагласува дека резултатите може да се изменети.

Тргањето на линковите е направено точно според барањата, односно како што нагласуваат од BBC, барател за тргање на линковите на нивна статија најверојатно е некој кој што има оставено коментар на истата. Па така, статијата веќе нема да биде прикажана во резултатите доколку биде пребарано името на тој што го има оставено коментарот. Статијата и понатаму може да биде пронајдена доколку се побара врз основа на насловот или други клучни зборови во неа.

Се разбира оваа можност е предмет на голем број на критики поради тоа што истата се смета за мешање во слободата на печатот. Исто така многу е тешко да се очекува нешто да биде решено со помош на закон, посебно кога критериумите се прилично општи и подложни на субјективна проценка. Кој е да каже дали некоја информација веќе не е релевантна или несоодветна. Се очекуваат голем број на злоупотреби и тргање на линкови до информации кои што медиумите сметаат дека јавноста мора да има лесен пристап до нив.

Друг ефект кој што овој закон може да го има е баш спротивниот од тоа што барателите би сакале да го имаат. Поточно, со добивањето на популарност, барателите само привлекуваат внимание на статиите кои што сакаат да бидат сокриени.

Извор: BBC, The Guardian, The New York Times

Претходна статијаЕкспериментирајте со сопствените емоции на Facebook со екстензија за Google Chrome
Следна статијаFacebook Messenger достапна за корисниците на iPad
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.