Сите кои што користиме нешто повеќе интернет сервиси кои што бараат креирање на сметка, го имаме сретнато CAPTCHA системот и го чекаме денот кога ќе биде заменет со нешто поедноставно и посигурно. Овој систем од корисникот, кој што креира нова или се најавува на постојната сметка, бара да ги внесе буквите кои што се прикажани во искривена и измешана форма и со тоа да докаже дека е човек, а не автоматска скрипта за спамирање, односно бот.

reCAPTCHA_OldAPI

Ова од една страна е добро, поради зголемување на сигурноста на сервисот кој што треба да биде многу потежок за пробивање, меѓутоа значително го забавува времето потребно за најавување на сметката, а не ретко сликата е тешка за читање и од страна на луѓето. Ова е така затоа што како и се друго, така и овие слики со тек на време успешно биле пробивани со користење на ботови, па се јавува потреба од нивно усложнување.

Меѓутоа според истражувања од страна на Google, во денешно време многу едноставно може да се пробијат овие слики во 99,8% од случаите, што системот кој што троши доста време од корисниците, не си ја врши веќе работата како што треба.

Google оваа недела го претстави No CAPTCHA reCAPTCHA системот кој што веќе се користи од неколку интернет сервиси меѓу кои и WordPress, Snapchat и други. Овој систем треба значително да го забрза процесот на најавување на луѓето преку замена на изместените букви, со едноставно поле за чекирање. Кога ќе треба да се најавите на сервисот, наместо изместени букви ви е прикажана реченицата „Не сум робот“, а до неа полето кое што треба да го чекирате. Ова е нешто кое што роботите нема да можат толку едноставно да го направат иако изгледа како едноставно.

Recaptcha_anchor@2x

За да безбедноста на системот биде поголема, тој не се ослонува само на чекирање на полето. Системот, односно неговиот алгоритам врши следење на однесувањето на корисникот пред, за време и по притискање на копчето за да утврди дали се работи за човек или бот. Доколку однесувањето е сомнително, системот повторно бара да се внесе текст по притискање на копчето.

CAPTCHA-2

Со ова може да се каже дека главната компонента на овој систем е алгоритамот кој што проценува дали се работи за бот или за човек. Тоа иако можеби звучи небезбедно, меѓутоа технологијата е доволно напредната да може со добра точност тоа да го одреди. Единствено прашање кое што можеби некои ќе го постават тука е за приватноста, односно врз основа на кои информации алгоритамот одредува дали се работи за човек или не.

Системот исто така има и верзија која што е за мобилните корисници, која што треба да го поедностави процесот на најавување кога мора да биде внесен дополнителен тест. Па така, наместо корисниците од мобилните уреди да внесуваат текст, на нив ќе им биде прикажана слика која што ќе треба да ја спојат со сличните такви слики прикажани во листа. На пример, ако главната слика е од мачка, корисникот ќе треба да ги кликне сликите од листата кои што се слични на неа.

turkey_captcha

Извор: Google, The Verge, VB

Претходна статијаGangnam Style видеото го надмина максималниот број на прегледи на YouTube
Следна статијаИстражувач има откриено начин за пробивање на PayPal сметки со еден клик
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.