Kickstarter сигурно ви е познат на повеќето од вас, веќе пишувавме за доста проекти претставени преку овој сервис. Се работи за сервис за јавно прибирање на средства на претставените проекти, каде што сите со идеа за производ го претставуваат истиот на овој сајт, па луѓе од целиот свет може да дадат од 1 долар како поддршка до поголема сума за купување и поддршка на производот.
Минатата недела овој сервис беше пробиен од страна на хакерски напад, изјавија од Kickstarter преку нивниот блог. Како што истакнуваат во средата тие биле известени од страна на полициските власти дека е забележан неавторизиран пристап до одреден број на податоци од нивните корисници. По добивањето на оваа информации веднаш е затворен сигурносниот пропуст и превземени се мерки за подобрување на безбедноста на целиот систем.
Во овој упад на системот не се украдени податоци за кредитни картички од корисниците, известуваат од Kickstarter. Сепак добиени се информации од податоци кои вклучуваат, кориснички имиња, email адреси, mailing адреси, телефонски броеви и енкриптирани лозинки. Конкретните лозинки не се видливи, меѓутоа можно е нивно пробивање од страна на лице кое што има доволно познавање за да го изврши истото, како и да ги поседува потребните ресурси.
Ние поставуваме многу високи стандардни за начинот како и служиме на нашата заедница и овој инцидент е фрустрирачки и вознемирувачки. Од тогаш ги подобривме нашите безбедносни процедури и системи на повеќе начини и ќе продолжиме да го правиме тоа во неделите и месеците што следат.
Извор: Kickstarter