instagram-logo

Денеска од Instagram го претставија Instagram Direct, нов сервис кој овозможува сликите или видеата да ги испратите директно како приватна порака на 1 или до 15 корисници, наместо на сите ваши следбеници. Ова претставува еден вид на систем за пораки на Instagram, со тоа што во пораката не може да испратите само со текст во неа, туку мора да вклучите слика или видео, што не е некој проблем со оглед на намената на овој сервис, а апликациите за пораки ги има и повеќе од потребно.

До сега кога ќе споделевте нешто, содржината беше достапна на сите корисниците кои што ве следат. Профилот можете да го направите јавен или приватен, односно кој сака да може да стане ваш следбеник или прво да мора да добие ваша дозвола. Со Instagram Direct, кога ќе завршите со сликање или снимање, во делот пред да ја споделите содржината, ќе ви биде достапна и новата можност, односно наместо на вашите следбеници, пораката да ја испратите директно до одредени корисници. Доколку испратите порака до корисник кој што вие го следите, меѓутоа тој не ве следи вас, пораката ќе биде ставена на одобрување од негова страна, односно корисникот ќе може да избере да не ја прифати пораката пред да ја види.

Копчето за испраќање на директна порака, односно Instagram Direct копчето е додадено во горниот десен дел од апликацијата и со негово притискање можете да испратите порака, покрај можноста после сликање или снимање на содржина.

Има моменти во нашите животи кои сакаме да ги споделиме, но тие може да бидат важни само на помала група на луѓе – внатрешна шега помеѓу пријатели, специјален фамилијарен момент или уште една слика од вашето ново кученце. Instagram Direct ви помага да ги споделите овие моменти.

Ограничувањето на бројот на корисници на кои што можете да им испратите една порака е поставен поради заштитата од спамирање на следбениците, односно ако некоја слика сакате сите ваши следбеници да ја видат, тогаш нема потреба да ја праќате преку Instagram Direct, туку само да ја споделите на вашиот ѕид. Бројот од 15 корисници од Instagram сметаат дека е доволен за групни пораки.

Ова е прва верзија од Instagram Direct сервисот и истиот не ги содржи сите можности планирани од страна на Instagram. Истите ќе го следат начинот на користење од страна на корисниците, како и испратените забелешки, па со тек на време ќе го подобрува и проширува сервисот.

[showcase id=”2857″]

Instagram Direct е достапен како надградба на апликацијата Instagram за Android и iOS, а истата на Windows Phone ќе биде ажурирана во наредниот период.

Претходна статијаGoogle Chrome Apps за десктоп достапни и на Mac
Следна статијаNASA го претстави својот нов робот „Valkyrie“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.