Луѓето кои што немаат Facebook профил, посебно од помладата генерација, се реткост во денешно време. Поголемиот број од корисниците кои што имаат профил на оваа социјална мрежа се исто така активни секој ден, односно ја посетуваат преку веб и мобилните апликации повеќе пати во денот. Меѓутоа се поставува прашањето кои се причините за големата активност на корисниците, како и што тие очекуваат и која им е целта кога постираат нешто и го споделуваат со пријателите. Соодветно на ова прашање се поставува прашањето колкаво е значењето на Facebook во животот на корисниците и како тие реагираат во одредени ситуации.
Одговор на вакви прашања се имаат обидено да дадат истражувачите од австралискиот универзитет Queensland’s School of Psychology спроведувајќи неколку истражувања со одредена група на корисници. Во првото истражување групата на корисници е поделена на две групи, каде што на едната и е дозволено слободно да постира на Facebook, да лајкува, односно да ги прави стандардните активности карактеристични за мрежата. На другата група не и е дозволено да постира и да лајкува, па тие се што може да прават е да ја прелистуваат листата со новости.
Резултатите покажале дека после два дена поминати без можноста да прават било каква интеракција додека ја прелистуваат мрежата, корисниците почнале да се чувствуваат како еден мал дел од голема група во која што тие немаат никакво влијание, што довело до промена на нивното чувство на допаѓање на самите себе, односно пад на самодовербата.
Второто истражување вклучувало исто така поделба на групата на две помали групи, каде што и двете групи имале дозвола целосно и без ограничувања да ја користат социјалната мрежа, односно да постираат, лајкуваат, коментираат и слично. Меѓутоа без да знаат, за едната група било намерно направено да никој не одговара на нивната активност, односно тие да не добиваат лајкови, коментари и слично. Припадниците на групата која што била „игнорирана“ изјавиле дека почнале да се чувствуваат „невидливо“, односно исклучено и помалку важно.
Овие резултатите можеби не се некое изненадување за поголемиот дел од вас. Сепак од постовите на голем број на луѓе може да се забележи нивната желба за внимание и предизвикување на лајкови и коментари, па сигурно чувството кај тие луѓе кога нема да ја постигнат целта е лошо, а посебно ако се работи за подолг период, што може да влијае и на самодовербата.
Извор: Cnet, Taylor Francis Online