
Kim Dotcom денеска официјално го најави пуштањето на бета верзија од неговиот MegaChat веб сервис за аудио и видео повици. Главната работа која што се истакнува за овој сервис е неговата енкрипција која што треба да ги направи разговорите тајни за разлика од тие на Skype или Google Hangouts. Споредбата со овие апликации директно се користи во промовирањето на MegaChat од каде што се надеваат дека во ова Snowden време, корисниците ќе се одлучуваат се повеќе за вакви сервиси на сметка на Skype.
Сервисот моментално е во бета верзија и е достапен за сите заинтересирани корисници. Неговото користење е прилично едноставно, односно се што треба е да се најавите со Mega сметката или да се регистрирате доколку немате, па да притиснете на иконата за разговори. Се разбира, за да можете да разговарате, вашите пријатели ќе треба да направат сметки и да ве додадат во нивната листа.
Разговорите се прават преку веб, односно не е потребно инсталирање на било какви додатоци за тој да работи. Сервисот покрај аудио и видео разговори, со тек не време ќе поддржува и текстуални, исто така енкриптирани разговори.
Во време кога излегуваат информации за масовноста на следењето на комуникациите од страна на властите, ваквите сервиси ќе стануваат се повеќе популарни. Тоа е добро и поради фактот што конкуренцијата секогаш предизвикува реакција и кај другите играчи на пазарот, па може да се очекува и најголемите сервиси да почнат да нудат заштита за нивните разговори.
Страната преку која што ќе биде достапен сервисот е mega.nz каде што може да се регистрира нова сметка.
MEGA announces MEGAchat beta. Browser based end-to-end encrypted audio and video chat: https://t.co/1Yuua52R7X pic.twitter.com/x5ANpXWX7V
— MEGA (@MEGAprivacy) January 22, 2015