8a8041e3-c0c2-4058-86f0-7c6c2c2f1dcf

Мерењето на растојанието помеѓу две или повеќе точки на мапите може да ви се најде како корисна функција во ситуациите кога сакате да измерите нешто што не е стандардна улица. Кога ве интересира колку има до градот каде што ќе одите на одмор на пример, тоа лесно можете да го направите користејќи ја функцијата Directions, со која што покрај објаснувањето како да стигнете до локацијата, ќе ви биде прикажана и оддалеченоста и времето потребно да стигнете со неколку начини на превоз.

Меѓутоа можеби сакате да измерите колкаво е растојанието на патеката каде што спортувате, или било кои други точки кои што не се поврзани со главна улица, па поради тоа не можете точно да ги измерите користејќи ја Directions функцијата. Google Maps веќе одамна дозволува мерење на растојанието помеѓу две или повеќе точки. За да можете да ја користите оваа функција треба да ја вклучите преку Maps Labs, доколку уште ја користите старата верзија од Google Maps.

Кога Google ја претстави новата верзија од мапите, оваа функција беше тргната, како и од новата верзија на Maps за Android уредите. На Android се’ уште не може да се користи функцијата, но затоа истата е достапна преку веб верзијата. Се што треба сега е да изберете одредена точка на мапата и да притиснете на Measure Distance опцијата која што се наоѓа во менито кое што се појавува со притискање со десното копче на маусот.

Можете да го измерите растојанието помеѓу било кои две или повеќе точки, без разлика каде тие се наоѓаат или поминуваат. Точките можете да ги бришете или да ја менувате нивната локација, а помеѓу секоја од нив дадено е нивното растојание. Вкупното растојание помеѓу првата и последната точка е прикажано на горната лева страна, односно под полето за пребарување. Кога сакате можете да притиснете на Clear measurement или на X под полето за пребарување и од мапата ќе бидат тргнати точките.

Извор: Google, The Verge

Претходна статијаПатент од Apple за уреди направени целосно од стакло
Следна статијаProject Spark излегува од бета во Октомври оваа година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.