office-clip-art

Толку одамна ги немам користено овие интересни сликички како дел од Office програмите Word и PowerPoint што кога ја прочитав оваа вест се изненадив дека уште постојат. Можеби дел од вас сепак уште ги користат, но доколку е така тоа веќе нема да можете да го правите.

Доколку не можете да се сетите, Clip Art е опција во Office која што ви овозможува да додадете во вашиот документ илустрирани слики од скоро се што ќе ви текне. Порано посебно беа често користени за правење на одреден документ да изгледа поинтересно, а во исто време да се прикаже сликовито тоа кое што е тема на текстот.

Во денешно време нивното користење е се помало поради достапноста на огромен избор на бесплатни и платени слики од повеќе веб сервиси. Достапноста на Clip Art слики поради ова е намалена, односно ретко кој прави нови слики за оваа функција.

Од Microsoft денеска известија дека Clip Art ќе престане да функционира, а корисниците се разбира ќе можат да продолжат да внесуваат слики од нивниот компјутер, било кој друг уред, како и OneDrive.

Покрај оваа можност која што се подразбира, корисниците ќе можат да додаваат слики преку Bing пребарувачот. Резултатите од пребарувањето на сликите ќе биде филтрирани да бидат прикажувани само слики кои што се под Creative Commons лиценцата, а исто така ќе биде достапен и линк за проверување на лиценцата и можноста за користење во документите.

Извор: Microsoft

Претходна статијаСистемот за комуникација на Stephen Hawking подобрен со SwiftKey
Следна статијаMozilla планира да го донесе Firefox на iOS
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.