office-365

Office 365 е начин на користење на Microsoft Office преку претплата, наместо преку стандардното купување на лиценца за софтверскиот пакет. Претплатата вклучува повеќе инсталации со една лиценца, користење на office на компјутери каде што не е инсталиран, додатни сервиси вклучени во претплатата. Покрај пакетите за деловните корисници, достапен е и пакет за домашните корисници наречен Office 365 Home Premium. Со овој пакет корисниците добиваат можност за инсталирање на Office пакетот на 5 компјутери, додатно на таблет компјутери и мобилни телефони, како и 20GB на простор на OneDrive и 60 минути месечно на Skype кон повеќе земји, меѓутоа таа листа не ја вклучува Македонија. Овој пакет корисниците може да го користат со месечна претплата од 460 денари или годишна цена од 4.600 денари.

Денеска Microsoft најави дека воведуваат уште еден пакет наменет за домашните корисници. Пакетот е наречен Office 365 Personal и за разлика од Home Premium е наменет за користење од страна на еден корисник. Ова значи дека корисникот ќе може да го инсталира Office пакетот на еден десктоп компјутер, Windows или Mac, како и на уште еден додатен таблет компјутер. Бесплатниот простор од 20 GB, како и 60 минути на Skype следуваат и со овој пакет. Цената на овој пакет ќе изнесува 3.100 денари за цела година или 310 денари месечно.

Исто така името на Office 365 Home Premium ќе биде променето во Office 365 Home од моментот кога новиот пакет ќе биде достапен.

Извор: Office Blogs

Претходна статијаGoogle ги намали цените за дополнителен простор на Drive
Следна статијаGoogle Play Store надградена, донесува нови функции и подобрувања на интерфејсот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.