Откога Елон Макс го купи Twitter, започна кампањата за оцрнување на оваа мрежа која сега има многу поголема слобода на говор од претходно. Јасно е дека критичарите ќе почнат да отвораат свои мрежи како Twitter, а Meta една од нив.
За Twitter конкурентот од Meta веќе неколку пати можевме да прочитаме, а видовме и неофицијални слики од тоа како би изгледала мрежата. Со оглед на едноставноста на Twitter, јасно беше дека мрежата од Meta ќе изгледа како копија.
Тоа што е познато е дека новата мрежа ќе биде поврзана со Instagram, што значи дека корисниците ќе се поврзуваат со таа сметка, а ќе може да ги пренесат и пријателите.

На состанок до кој имаат добиено пристап од The Verge, прикажана била слика од мрежата, која засега го носи името Project 92, па ја имаме и првиот официјален поглед на оваа мрежа.
Се верува дека официјалното име ќе биде Threads, а со изработката на мрежата е започнато на почетокот од годината и се очекува нејзино официјално претставување најбрзо што може.
„Слушнавме од креаторите и јавните личности кои се заинтересирани да имаат здраво управувана платформа, за која веруваат дека можат да имаат доверба и да се потпрат за дистрибуција“. – истакна Крис Кокс главниот за производи во Meta.
Мрежата, која е нарекувана „нашиот одговор на Twitter“ внатре во Meta, е направена на основа на ActivityPub протоколот, кој е протокол на децентрализирани мрежи, каква што е Mastodon. Ова значи дека корисниците ќе можат да се поврзуваат и со корисниците од оваа друга, исто така конкурентна мрежа на Twitter.