Блокирањето на интернет страни во Турција продолжува и денеска, една недела после блокирањето на Twitter, со блокирање на пристапот до YouTube. Оваа позната страна за видео содржина е блокирана поради прикачување на видео од страна на анонимен корисник во кое е прикажан разговор помеѓу министерот за надворешни работи, заменикот главен на вооружените сили и шефот за разузнавање, каде што тие наводно разговараат за можноста за воена интервенција во Сирија.
Блокадата е почната од денес и извршена повторно без судска одлука, како во случајот со Twitter, која што веќе е тргната со одлука од судот. Блокадите ги извршува Директоратот за телекомуникации на Турција, кој што е критикуван за големите ингеренции кои што ги има со донесување на нов закон оваа година.
Според информациите и оваа блокада корисниците ја заобиколуваат со користење на други DNS сервери, како и VPN сервиси. Во Турција треба да се одржат избори, поради кои што се случуваат овие блокади, како и излегувањето на повеќе корупциски афери за владата на Реџеп Таим Ердоган.