Yahoo направи низа на потези и одлуки на чело со Marissa Mayer, во обидот да останат релевантна интернет дестинација, нешто што одамна не се. Сепак името Yahoo сеуште е познато и е меѓу најпознатите светски брендови. Според информациите до кои што има дојдено Re/Code порталот, Yahoo планира и е во фаза на развој на сопствен видео сервис кој што би требало да биде првата посериозна и директна конкуренција на популарниот YouTube.
За таа цел тие се наводно веќе во преговори со одредена бројка на познати YouTube објавувачи на содржина, како и познати канали. Според информациите Yahoo им нуди подобра заработка од реклами, нешто од кое што тие не биле баш задоволни од YouTube. Yahoo се има обидено да го купи видео сервисот DailyMotion, но без успех, а исто така се шпекулира за можноста да го купат исто така познатиот видео сервис Vimeo. Официјална изјава за овие тврдења од страна на Yahoo нема, па останува да видиме дали нешто ќе претстават во наредните месеци, за кога се очекува официјалното почнување на сервисот според шпекулациите.
Извор: Re/Code
[related_posts_by_tax title=”Можеби ќе ви се допаднат и следните статии”]