Популарниот YouTube Partner Program со помош на кој луѓето кои учествуваат во градењето на оваа интернет датотека на видеа имаат прилика да заработат излезе со нови правила. Според новите критериуми, за да можете да заработите од YouTube вашиот канал ќе мора да има намалку 10 000 прегледи (views).
Голем број луѓе остваруваат заработка со тоа што прикачуваат оригинални содржини на совите канали, за откако истите станат популарни YouTube ги искористи за да прикажува реклами кои секако, чинат пари. Меѓутоа, проблемот настана откако уште поголем број луѓе ја искористија ситуацијата и веќе објавени материјали повторно ги објавуваа со цел да материјализираат на нивната популарност.
За да се реши овој проблем, новата политика на YouTube е секој заинтересиран да соработува со нив да биде веќе „популарен“ во извесна мерка, односно да има повеќе од 10 000 прегледи на својот канал. Откако корисникот ќе ги постигне потребните 10 000 прегледи, YouTube дополнително ќе го разгледа неговиот налог и ќе утврди дали истиот е соодветен за соработка.
Ваквиот пристап ќе помогне YouTube да го задржи местото на лидер според квалитетот и обемот на содржини достапни за корисниците, а од друга страна ќе им понуди на компаниите кои се рекламираат квалитетен терен за таа намена. Новата политика на компанијата ќе помогне за одржување на квалитетна соработка помеѓу компанијата и корисниците кои ги следат правилата.
Ова е само дел од низата мерки кои Google и YouTube ги превземаат по прашање на рекламирање, откако примија серија критики на таа сметка. Имено, реклами на угледни компании се појавиле на видеа кои промовираат тероризам и екстремизам, што на извесен начин значи несакано спонзорирање на промоцијата на такви содржини.
Извор: PCMag