Фото: Shutterstock.com

Рокот за реализирање на договорот за купување на Activision Blizzard од страна на Microsoft истече на 18 јули, па доколку Microsoft се откажеше од купувањето, ќе требаше да им плати „казна“ на Activision Blizzard во висина од 3 милијарди долари.

Сепак, оптимизмот дека пречките ќе можат да бидат надминати направи да двете компании се договорат за продолжување на рокот за 3 месеци, па сега истиот има рок до 18 октомври да биде завршен.

Оптимизмот доаѓа, оправдано, по добивање на одобрение за договорот од повеќе земји и регулаторни тела, меѓу кои и Европската Комисија, како и судската победа од страна на Microsoft во САД против FTC.

По одлуката на судот во САД, останува уште само британското тело CMA, од каде се сложија да преговараат со Microsoft во изнаоѓање на решение за забелешките кои тие ги имаат, а во главно се поврзани со пазарот на стриминг на игри.

Заедно со новиот рок, договорени се и нови пенали кои би ги платиле од Microsoft доколку договорот биде откажан. Доколку договорот не биде извршен до 29 август, Microsoft ќе треба да плати 3,5 милијарди на Activision Blizzard, 500 милиони повеќе од претходно, а сумата би изнесувала 4,5 милијарди доколку договорот на биде извршен до 15 септември.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаМожно одложување на iPhone 15 серијата до октомври
Следна статијаApple веќе го тестира својот конкурент на ChatGPT
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.