Велат дека гром не удира двапати на исто место. Една нова мапа од NASA е тука за да го побие тоа со тоа што ни покажува места кадешто удирал гром многу пати.
NASA собира податоци за громовите и молњите кои се случуваат на планетава веќе 17 години. Сателитот кој го користат првично требало да биде во функција само 3 години, но подоцна е одлучено дека ќе остане во употреба подолго. Од 1995 до 2000 уште еден инструмент на OrbView-1 сателитот собирал податоци за молњите и громовите над 38 паралелна должина. OrbView-1 е насочен таму бидејќи 90% од молњите се случуваат над 38 паралелна должина на југ и на север.
Дополнително истражувачите планираат да пратат сензор што ќе детектира громови на Интернационалната вселенска станица со цел да се следат одредени места на планетата и одредени типови на бури што се случуваат таму.
Мапата открива дека најмногу грмотевици се појавуваат во близина на Екваторот. Освен тоа, поголеми шанси за удар од гром веројатно би имале на копно отколку на вода, бидејќи таму има повеќе грмежи.
Доколку не сакате гротевици треба да бегате подалеку од Венецуела, односно езерото Марасибо во северозападниот дел од земјата. Имено, таму грми просечно 300 денови во годината.
Извор: Livescience, NBC News