endless_dream_by_supcowpur-d4bbmj6

Тие кои памтат сонови или се свесни дур сонуваат (т.н. луцидни сонувачи) можат да сведочат за некои сонови во кои тие трчаат. Некогаш трчањето е со нормална брзина, некогаш со огромна, но најчесто е многу бавно и мачно, и дополнително создава стрес ако некој ги брка во сонот.

Според Даниел Ерлахер од Универзитетот од Берн во Швајцарија ваквото забавено трчање може да се должи на тоа што веројатно нашите соништа целосно се забавени во однос на будниот живот. Тој направил интересен експеримент со сонувачите на луцидни соништа. На почетокот ги измерил реакциите на нервниот систем за некои акции во будниот живот: одење десет чекори, броење до 30 или извршување сложена гимнастичка рутина. Потоа им кажал на сонувачите да го направат истото во своите луцидни сонови. Како знак дека ќе почнат со активноста, тој им кажал пред истата да свртат со очите неколку пати од лево на десно и обратно, бидејќи движењата за очите во сонот за разлика од сите други делови на телото се пренесуваат во стварни движења на очите.

Со неговите мерења испаднало дека на нив им требало околу 50% повеќе време за да ги извршат дејствијата. Според нивното лично чувство сонувачите изјавиле дека не им требало повеќе време да ги извршат дејствијата во сонот. Ова сугестира дека соништата ни се одвиваат во забавено време во однос на реалното.

Сонот е предмет на интерес уште од дамнешни времиња. Еден од најраните испитувачи на сонувањето е францускиот аристократ Маркиз Дервеј де Сен Денис кој ги тестирал границите на своите луцидни соништа. Тој често тестирал интересни работи како проба да се фрли од висока зграда, што никогаш не успевало – мозокот самиот ја вртел приказната надвор од лошиот очекуван резултат. Тој исто така открил дека работите и луѓето кои ги среќава во соништата се најчесто работи од неговиот буден живот, што ја потврдува тезата дека соништата се веројатно рекапитулар на дневните мемории и искуства.

Неколку истражувачи предложуваат да се користат соништата како место за консолидација на меморија, остварување дополнителни вежби и помош при достигнување вештини. Можеби ако најдеме лесен начин да поттикнеме луцидно сонување би можеле да го искористиме овој период од денот полезно наместо третина од нашите животи да ги поминуваме спиејќи.

Извор: BBC, Mashable

Претходна статијаПаметна тастатура ќе го открива корисниот според начинот на пишување
Следна статијаЕрик Шмит – „Интернетот ќе исчезне“