Screenshot 2014-08-05 17.45.24

Тужбата е поднесена до суд во Виена од страна на адвокатот Max Schrems кој што е активист за приватност и стои зад кампањата europe-v-facebook.org. Тужбата се однесува на подружницата на Facebook која што се наоѓа во Ирска и досега на неа се имаат приклучено повеќе од 11.000 луѓе од Европа, но и други земји надвор од САД и Канада. Причината поради која што тужбата не е поднесена во Ирска е поради големата зависност на економијата на земјата од IT компаниите, па подносителот не верува дека би го имале саканиот успех.

Причините за тужбата се повеќе, односно тие се однесуваат за повеќе точки со кои што наводно се прекршуваат одредени закони во Европа. Поточно, тужбата се однесува на следните практики од страна на Facebook:

  • Политика за користење на податоците која што не е валидна под европските закони
  • Отсуство на согласност за користење на многу видови на податоци
  • Поддршка на PRISM програмата за надгледување од NSA
  • Следење на корисниците на други веб страни, како на пример преку Like копчето
  • Мониторирање и анализа на корисниците преку системи на „големи податоци“
  • Незаконско воведување на Graph Search
  • Незаконско пренесување на кориснички податоци на надворешни апликации

Поднесувањето и судското одвивање на тужбата е финансирано од страна на австриската адвокатска компанија ROLAND ProzessFinanz AG која што треба да добие 20% од потенцијалната добивка доколку тужбата биде добиена во корист на тужителите. Во тужбата не се бара огромна сума како отштета, односно се бараат по 500 долари по тужител, што доколку нивната бројка продолжи да се зголемува, сумата може да стане и прилично голема.

Сите заинтересирани можат да се приклучат на тужбата преку пополнување на формулар на посебно направената веб страна. Во формуларот покрај стандардните информации и приклучувањето со Facebook сметката, од корисниците се бара испраќање на скениран документ како што е пасош.

Дали тужителите имаат основа за тужба и каков ќе биде нејзиниот исход сигурно ќе биде интересно да се види. Според одредени луѓе, со самото прифаќање на Условите за користење на Facebook сервисот, ги прифаќате сите работи кои што потоа од компанијата ги прават. Како и да е, ова доаѓа во период кога нарушувањето на приватноста на луѓето на интернет е доста актуелна тема, а ќе станува и се повеќе.

Извор: TechCrunch, TheDailyDot

Претходна статијаКако Google ги скенира пораките во Gmail за откривање на детска порнографија
Следна статијаGoogle Now Launcher достапен за сите Android уреди
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.