Фото: Shutterstock.com

Судијата кој го водеше случајот на Epic против Google донесе одлука која во главно ги прифаќа повеќето од барањата кои ги има Epic, познатата компанија која стои зад развојот на Fortnite.

Epic со години се тужат со Google, како и со Apple, во главно против процентот кој го наплаќаат овие компании за купувањата кои ги прават корисниците преку нивните платформи, но и против практиките кои ги користат за ограничување на конкуренцијата, односно функционирањето надвор од нивните продавници. 

Против Apple не поминаа баш најдобро, но затоа одлуката е целосно во нивна корист против Google. 

Google ќе мораат од 1 ноември оваа година да престанат да бараат користење на Google Play Billing за апликациите кои се достапни преку Play Store, да им овозможат на програмерите да ги информираат корисниците за другите начини преку кои можат да платат, да им овозможат на програмерите да постават линкови до алтернативните начини да биде симната нивната апликација, како и да им овозможат на програмерите да постават сопствени цени за апликациите независно од Play Billing. 

На Google исто така им се забранува да земаат било каков процент од заработката од апликациите кои се инсталираат надвор од Play Store, да овозможуваат било какви предности или пари на програмерите за пуштање на апликациите прво на Play Store и слични други практики. 

Очекувано, од компанијата најавија дека ќе ја обжалат оваа одлука и ќе бараат истата да биде одложена додека трае процесот на жалба. 

Главните аргументи на Google се вртат околу тврдењето дека Android има голема конкуренција и дека истата се случува со Apple, односно iOS. Исто така, Android е отворен систем кој отсекогаш овозможувал инсталирање на апликациите од алтернативни места. 

Од компанијата ги користат и познатите аргументи кои ги даваат и од Apple, а тоа е дека со отворањето на одредени ограничувања ќе дојде до загрозување на приватноста и безбедноста на корисниците. 

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНЛБ Групацијата донира еден милион евра за надминување на последиците од катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина
Следна статијаMicrosoft најави нови подобрувања кај OneDrive заедно со целосно нова мобилна апликација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.