При крајот на минатата година AOL, во чија сопственост е Winamp, најави дека веќе не планира да продолжи со развивање на оваа позната музичка апликација од 90-тите. Се беше официјално, беше зададена дата кога ќе биде тргнат од интернет, 20-ти декември 2013, а заедно со Winamp требаше да биде затворен и интернет радио сервисот Shoutcast. Причината беше променетиот начин на слушање на музика на повеќето корисници, кои што наместо некоја апликација за пуштање на локалната музичка колекција, почнаа да ги користат интернет сервисите како, Pandora, iTunes, Google Music и слични.

По најавата за затворање на Winamp  почнаа да кружат шпекулации дека се има појавено интерес од повеќе компании да го купат софтверот. Меѓу заинтересираните наводно биле и Microsoft, кои што не успеаја да го популаризираат сопствениот Windows Media Player.

Шпекулациите испаднаа делумно точни, односно делот дека постои интерес за купување, но не беа точни за купувачот. Winamp сега официјално е продаден заедно со Shoutcast сервисот на Radionomy, интернет радио агрегатор од Белгија. Интересот на оваа компанија е повеќе во Shoutcast сервисот кој што ќе ја зголеми нивната база на интернет радио станици од околу 6.000, на скоро 60.000. Сепак и покрај ова тие планираат да продолжат со развивање и на Winamp за повеќето платформи достапни денес.

Screenshot 2014-01-15 18.26.13

Останува да видиме дали новите сопственици ќе успеат да ја вратат популарноста на Winamp, барем на дел од тоа што беше пред повеќе од 10 години.

Претходна статијаLG влегува во паметната фитнес технологија
Следна статијаSamsung ја прошири својата понуда со Galaxy Tab Pro и Note Pro таблетите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.