14339217_10157614140530294_162403435_o

Скопје, 22 септември – 22 септември е меѓународен ден на заболените од Хронична миелоична леукемија. Денес преку 109 Пациентски организации од доменот на заштита на пациентите заболени од ХМЛ во 82 земји во светот го одбележуваат овој ден.

Потребата на ваквото здружување, како во светот, така и формирањето на ХМЛ Македонија, произлезе од незаштитеноста на болните од Хронична миелоична леукемија. ХМЛ однесе безброј човечки животи како во светот, така и во Македонија.

Современата медицина во 2001 год. ја скроти оваа болест со епохалното откритие на „Glivec“. Македонија го стави лекот „Glivec“ на Позитивна листа  2011 год .

Здружението на ХМЛ во Р.Македонија е основано во 2007 год., а нивната основна цел е заштита на заболените од ХМЛ со современ и соодветен медицински третман. Прво и основно беше да се обезбеди Гливекот. Конечно 2011 год. Македонија се вброи во земји кои го обезбедија Гливекот на заболените од ХМЛ, иако веќе од Јуни 2013 почна со употреба на генеричките, се уште недоволно испитани лекови.

Трендот на генериката незапирливо се ширеше, особено во посиромашните земји, но исто така современата медицина не стоеше во место. Во 2006 год откриена е и почна да се употребува второлиниската терапија со феноменалниот лек „Nilotinib“ или „Tasigna“.

Званичните статистики покажуваа дека позитивниот одговор на заболените од ХМЛ, изразен во проценти е некаде околу 70%. Светот не сакаше да се помири со тоа да околу 30% заболени од ХМЛ бидат жртви на ова опако и канцерогено заболување. Во светски размери тоа беше голем број на неизлекувани луѓе. Конечно и тие луѓе најдоа спас во 2006 год. Современата медицина најде решение и за нив, но за жал не и за заболените од ХМЛ во Р.Македонија. Македонија се уште го нема лекот на позитивна листа.

Во Р.Македонија денес има околу 100 заболени од ХМЛ.  И статистички и во пракса околу 30 заболени од ХМЛ во Р.Македонија се без соодветна терапија. Тој број рапидно се зголемува секоја година, зар ние како општество ќе се вброиме во неколкуте земји во светот кои немаат содветна второлиниска терапија за заболените од ХЛМ? За потсетување во Европа нема повеќе земји кои ја немаат Тасигната на Позитивна листа.

Денес, во светот процентот на преживување на заболените од ХМЛ е голем. Современата медицина покрај второлиниската терапија „Nilotinib“ и  „Dasatinib“, воведе и третлиниска терпија „Bosotinib“ и „Ponatinib“.

Човечките животи се бесценети и секоја земја и сите влади во светот се обидуваат согласно своите можности на заболените да им пружат максимум. Дали Македонија и здравствениот систем на Македонија ќе ги заштити заболените од ХМЛ и ќе им овозможи современ и достоинствен третман, живот без болка и понижување, нешто што дава верба во живот и во општеството, во луѓето кои те опкружуваат?

Претходна статијаColoro – интересна Android игра за тренирање на мозокот
Следна статијаОтповикот на Note 7 може да го чини Samsung 1,35 милијарда долари