Навиканти сте да гледате паметни сијалици и сл. нови извори на светлина, меѓутоа не би помислиле дека постои биолуминисцентно светло на кое не му треба електрична енергија туку само бактерија.
Од тука овој проект на Тереса ван Донген од академијата за дизајн од Ајндховен претставува интересен концепт за штедливи извори на светлина. Концептот е практично позајмен од океанот. Брановите навечер чудесно светат, меѓутоа зад таа магија има сосема вистинска биологија која во комбинација со кислород и движењето создава светлина.
Внатрешноста на стаклото на Ambio е исполнета со синтетичка солена вода, а бактериите што ја конолизираат се собрани од кожата на октопод. Организмите се биолуминисцентни, односно создаваат светлина со помош на ензим наречен бактериски luciferase.
Сепак за овие бактерии да можат да создадат светлина потребен е кислород бидејќи ензмиот luciferase е оксидант, а за сето ова да го симулира микросветот на бактериите има два тега со чија помош се ниша светликата. Дизајнерката ван Донген укажува на тоа дека природата има безброј начини кои можат да се искористат како обновлив извор на енергија во секојдневниот живот.
Извор: Geek