fujitsu-100677939-gallery

Денес, најбрзите супер компјутери во светот користат пред сѐ процесори на Intel, IBM и Nvidia, но тоа набрзо би можело да се смени, бидејќи најголемото име во мобилните чипови, ARM, подготвува свој „векторски“ чип, кој би се користел во најмоќните супер компјутери во светот.

Новиот 64-битен ARM-v8A чип има “Scalable Vector Extension” архитектура и поддржува вектори од 128 до 2048 битови. Ваква архитектура имаат користено првите чипови за супер компјутерите во 80-тите години, но тие набрзо биле заменети со IBM RISC и Intel x86 чиповите, кои во тоа време биле многу поевтини.

Предноста на чиповите на ARM во однос на конкуренцијата ќе биде тоа што ќе трошат многу помалку енергија за исти перформанси во однос на конкурентите, што ќе овозможи вградување на повеќе чипови во еден супер компјутер.

Slide 14_575px copy

Првиот ваков чип ќе биде употребен во Post-K јапонскиот супер компјутер, кој ќе биде изработен од Fujitsu.

Да потсетиме, ARM беше купен од јапонскиот SoftBank за 32 милијарди долари, па ова е и очекувано. Овој супер компјутер инаку ќе биде наследник на “K Computer”, кој може да испорача 10,5 Petaflops со SPARC64 VIIIfx процесорот од Fujitsu. Според најавите, Post-K би требал да испорача 50-100 пати подобри перформанси, поточно преку 1.000 Petaflops.

Во моментов најбрз супер компјутер во светот е кинескиот Sunway TaihuLight, кој благодарение на ShenWei процесорите може да постигне брзина од 125,4 Petaflops, што е помалку од Post-K компјутерот, но јапонскиот конкурент ќе пристигне дури во 2020 година. Дотогаш се очекува и Intel, IBM и Nvidia да го покачат нивото на перформансите на своите процесори.

САД, Јапонија и Кина инаку се во своевидна трка за најбрз компјутер – според најавите, во наредниве неколку години тие ќе постигнат перформанси од 1 Exaflop (1 милион трилиони калкулации во секунда).

Извор: PC World, Computer Business Review, Anand Tech

Претходна статијаCylindo: Со прославување на успесите до поголем успех
Следна статијаGoogle развива нов оперативен систем кој не е базиран на Linux Kernel