Samsung-Galaxy-S6-Hero-Combo-Edit-4

Денес, многу технологии кај паметните телефони ги земаме здраво за готово – едноставно работат. На пример, таков е “proximity” сензорот, односно оној кој може да чувствува кога физичко тело ќе се доближи до него, но кој кај белите или посветлите смартфони, страшно многу го нарушува целосниот дизајн на уредот.

Сензорот за близина е ставен за да може да се изгасне дисплејот на допир кога ќе го доближите телефонот до уво за да зборувате на него. Доколку не се случи ова, лесно би можеле со увото или образот да го прекинете повикот или да пуштите некоја друга несакана функција.

Elliptic Labs има нов начин за забележување кога корисникот ќе го залепи телефонот за увото – ултразвук. Идејата за користење на ултразвук за препознавање на физички објекти не е воопшто нова, но примената во смартфоните секако дека е новитет.

Сензорите кои ги предлага Elliptic Labs – стартап од Осло, Норвешка, нема да го расипуваат дизајнот на телефонот, односно нема веќе да има црни точки кај посветлите уреди, а ова отвора простор и за уреди со помала рамка околу дисплејот. Затоа и името на новиот систем е “Beauty”, односно „Убавина“.

И не само тоа – ултразвукот може да работи со помош на звучникот со кој зборувате, што значи дека и нема потреба од нов хардвер – се што треба за да работи овој систем е веќе достапно во денешните смартфони.

Од Elliptic Labs велат дека нивниот систем е воедно и подобар во препознавањето на физичките објекти, а исто така може да се користи и за управување на телефонот со употреба на знаци со рацете во воздухот.

Ултразвук сензорите би можеле наскоро да ги видиме во новите паметни телефони – Elliptic Labs има веќе договор со пет компании, од кои две етаблирани за користење на нивната технологија.

Извор: Mashable, DigitalTrends, EllipticLabs

Претходна статијаЊујорк има бесплатна јавна Wi-Fi мрежа со брзина од преку 400 Mbps
Следна статијаПомали надградби достапни на iOS 9.2.1 и OS X El Capitan 10.11.3