
Raytheon, компанија која прави електронски компоненти за радарите што се користат во воени цели и која во минатото беше заслужна за откривањето на микробрановите печки, објави дека има ново откритие кое може дополнително да го забрза развојот на компјутерските чипови и да ги направи уште побрзи и поефикасни.
Соединението кое треба да го замени силиконот, Галиум Нитрид е полупроводник, кој за разлика од материјалот кој се користи денес во чиповите, отпорен е на многу повисоки температури и струја со повисока волтажа и фреквенција. Ова значи дека чипот кој ќе биде изработен од овој материјал ќе може да биде многу побрз, притоа трошејќи помалку енергија, а благодарение на отпорноста на високи температури и да трае подолго и евентуално да не бара толку моќно ладење.
Галиум Нитрид дозволува и изработка на многу помали транзистори, што е одлична вест за компјутерската технологија, за која се претпоставуваше дека може да стигне до големина на транзисторите од само 7 нанометри, а поради ограничувањата на силиконот. Засега, Галиум Нитридот веќе се употребува во соларните панели и најразлични безжични комуникации, не се уште само во воената технологија.
Според најавите, овој материјал би можел прво да се вградува во чиповите за безжична комуникација, како Wi-Fi на пример, но подоцна и да го најде патот и до самите процесори. Кога ќе се случи тоа е тешко да се претпостави, но сега барем сме мирни дека „Законот на Мур“ ќе биде одржан и компјутерските чипови и понатаму ќе се развиваат со висока брзина.
Извор: ARS Technica, Fortune, Venture Beat