LockscreenInHandWBG

Начинот на кој што вршиме интеракција со уредите со екрани на допир се смета за моментално најдобар и интуитивен. Се што сакаме да направиме е достапно преку едноставно допирање на екранот со нашите прсти, па нема потреба како порано да притискаме копчиња за менување на разни листи со прилагодувања.

Меѓутоа за одредени активности кои што ги правиме на нашите уреди постои можеби и поинтуитивен и побрз начин за нивно завршување, барем така сметаат од Elliptic Labs. Од оваа компанија развиваат начин на интеракција со уредите без потреба од нивно допирање. Командите се даваат со одредени движења на раката пред уредот, а тие движења се детектираат со користење на ултрасоничен сензор. Овој сензор работи преку испраќање на звучни сигнали кои што се одбиваат од рацете, по што се одредува нивната оддалеченост, положба и движење. Сензорот е прилично прецизен и со одредувањето на оддалеченоста на вашата рака од уредот, овозможува различни команди.

mobile-expand-face-scroll-6

Па така, кога ја приближувате вашата рака до уредот, на екранот може да се појави вашиот календар, со продолжување на приближувањето се прикажуваат email пораките, а доколку целосно ја приближите раката се прикажува стандардниот lock екран. Оваа технологија е погодна за одредени активности кои што ги правите многу често на вашиот уред. Таквите активности се проверувањето на вашите пораки и други нотификации, проверувањето на социјалните мрежи, гледањето на видеа, играњето на игри и слично. Овој начин на интеракција е исто така навистина погоден за разгледувањето на слики, со што овозможува едноставна промена на сликите со поминување на раката пред уредот.

Производителите ќе можат да им овозможат на своите корисници ваков начин на интеракција преку вградување на мал чип кој што не би требало да ја промени структурата на уредот. Со тоа ќе им овозможат на корисниците нов начин на работа со уредите, а програмерите ќе можат да почнат да прават апликации кои што го искористуваат овој начин на интеракција.

Извор: Cnet, Elliptic Labs

Претходна статијаMarkO ќе ве потсети на вистинското место, во вистинското време
Следна статијаAmbi Climate вашата обична клима ја претвора во паметна
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.