nikola2

Според компанијата од САД, Nikola Labs, 97% од енергијата која се испраќа како радиобранови меѓу уредите се губи во „етерот“. Значи, 97% од таа енергија е исклучително неефикасно отфрлена.

Од друга страна, сите го имаме стандардниот проблем со нашите преносни уреди – батеријата им трае максимум еден до два дена, и тоа ако ептен ги штедиме со користење. Решението ѕирка токму во овој простор – искористувањето на електромагнетните зрачења кои и така пропаѓаат, за да се полни батеријата на телефонот постојано.

Токму такво решение нудат од Nikola Labs, и тоа во облик на футрола за (сега) iPhone. Футролата чини 99 долари и нејзината улога е да ги заробува електромагнетните зрачења од околината и да ги враќа како енергија назад во струјата – овозможувајќи продолжување на животниот век на батеријата до 30%.

Да, можеби 30% не изгледаат како да ќе ја револуционизираат енергетскиот домен кај преносните уреди. Сепак, тие ќе ви помогнат во редовни случаи каде што за само 15 минути покасно сте изгубиле батерија или не можете да ја проверите автобуската линија токму во тој час бидејќи телефонот ви се изгасил. Секако, може да се очекува во иднина дека од Nicola Labs ќе работат на зголемување на ефикасноста на футролата, па ќе се постигнат и поголеми проценти на подобрувања.

Интересното е што футролата работи на пасивен начин т.е. таа го полни телефонот цело време по малку, па нема да забележите некое огромно подобрување во батеријата кога ќе ја вклучите – туку едноставно ќе ви остане уште по некој саат работа на крајот од денот. Од Nikola Labs најавуваат стартување на кампања на Kickstarter, па ќе видиме како ќе тече нејзиниот успех.

Извор: Engadget, Nikola Labs

Претходна статијаШто ви е потребно за да започнете да се занимавате со фотографија ?
Следна статијаMicrosoft го покажа Windows 10 и за таблетите