P100_678x452

Графичките чипови, односно оние кои се наоѓаат во графичките картички, веќе подолго време се користат за специфични пресметковни функции, а поради тоа што се многу побрзи во решавањето на тие задачи, за разлика од процесорите, кои се користат за генерални функции. Новиот Tesla P100 чип ќе понуди исклучително висока брзина и ќе биде наменет пред се за развивање на вештачката интелигенција.

Чипот се базира на Pascal архитектурата и има транзистори со големина од 16 nm, но благодарение на неговите поголеми димензии – преку четири пати во однос на процесорите, на чипот има 15,3 милијарди транзистори. Перформансите се вртоглави – чипот има пресметковна моќ од 10.6 TFLOPS за 64-те FP32 јадра, односно 5,3 TFLOPS за 32-те FP64 јадра. Ова е двојно повеќе во однос на претходникот K40.

gp100_block_diagram-1_575px

Графичкиот чип е опремен со 16 GB HBM2 рам меморија, поделена на четири плочки со 4.096 битна архитектура, за проток на информации од 1,4 Gbps – многу побрзо од стандардните рам мемории за компјутерите.Во чиста брзина на пресметување, благодарение на сите овие промени, чипот базиран на Pascal архитектурата е 12 пати побрз од чип базиран на Maxwell, односно работа што претходникот би ја завршил за 25 часа, со Pascal Ќе биде завршена за 2 часа.

Овој графички чип не очекувајте набрзо да го вградите во вашиот гејмерски компјутер – Nvidia има други планови за него. Тоа е секако DGX-1 компјутерот за длабоко учење, кој има осум вакви графички чипови, кои нудат брзина од 170 TFLOPS. Бидејќи графичките чипови можат да прават само одредени задачи, во компјутерот се вградени и два Intel Xeon E5-2698 v3 2.3GHz процесори со по 16 јадра за генерални пресметки, 4 SSD дискови во RAID за вкупен капацитет од 1,92 TB, 512 GB DDR4 рам меморија и напојување од 3.200 вати!

P100Back_575px

Овој компјутер ќе чини многу пари – 129.000 долари поточно и нема да биде наменет за широката публика. Сепак, очекувајте да биде основа за многу сервери наменети за развивање и подобрување на вештачкатата интелигенција, која со сигурност набрзо ќе ја користиме во нашите паметни уреди, во вид на „виртуелен помошник“, како Siri, Google Now и Cortana. Компјутерите што „мислат“ се навистина зад аголот!

Извор: ARSTechnica, AnandTech, ZDNet

Претходна статијаP9 и P9 Plus се новите знаменосци на Huawei со две задни Leica камери и моќен Kirin 955 чип
Следна статијаНовиот таблет на Xiaomi се трансформира во робот