498037-razer-core

Посебното мини куќиште на Razer, кое ќе овозможи десктоп графика на скоро секој лаптоп од нивната понуда, веќе е достапно за купување и има многу, многу висока цена!

Razer Core е мало куќиште во кое може да се вгради десктоп графичка картичка. Идејата е ова мало куќиште да се поврзе со Razer лаптоп и потоа да се поврзе со монитор со висока резолуција, каде би се добиле перформанси на нивото на најмоќните десктоп гејмерски машини.

Razer Core се поврзува со лаптопите преку USB Type-C приклучок и притоа не бара рестартирање на системот, односно директно се префрла на надворешната графика, а благодарение на можностите на Windows 10.

Секако, куќиштето не е особено преносливо, што значи дека овие високи перформанси би ги имале само во својот дом, но за оние кои сакаат да извадат максимум од игрите во својот лаптоп и да ги играат на новиот стандард, Ultra HD резолуцијата, ова е единственото решение, освен ако вашиот Razer лаптоп не е со некој послаб процесор – тогаш неговите перформанси може да претставуваат проблем.

Razer Core инаку има вградено напојување и е целосно изработено од алуминиум, што секако не е оправдување за високата цена (499 долари, 399 долари во пакет со Razer Blade Stealth), особено кога во равенката ќе се стави цената на гејмерските графички, од кои повеќето чинат помалку од самото куќиште, односно максимум колку него.Дефинитивно, повеќе вреди да се вложи во посебен десктоп компјутер, отколку само во куќиште за графичка карта.

Куќиштето е инаку компатибилно со сите помоќни графички на AMD (Radeon R9 Fury, Radeon R9 Nano, Radeon R9 300 Series, Radeon R9 290X, Radeon R9 290, Radeon R9 280) и Nvidia (GeForce GTX Titan X, GeForce GTX 980 Ti, GeForce GTX 980, GeForce GTX 970, GeForce GTX 960, GeForce GTX 950, GeForce GTX 750 Ti, GeForce GTX 750).

Извор: TechRadar, PCMag, Engadget

Претходна статијаOppo R9 и R9 Plus се смартфони од средно-високата класа кои имаат предна камера со 16 MP
Следна статијаNike Hyperadapt 1.0 – првите комерцијални патики кои самите се врзуваат