mg21929340.100-1_1200

Веројатно сите сме се запознале со слика од нашите мозоци и нивната карактеристична „изгужваност“. „Гужвањето“ всушност си има своја функција, а таа е да ја зголеми површината по која се простира сивата кора, правејќи ја способна да ги држи милионите неврони и тие да функционираат.

Запознаени со таквиот изглед на мозокот, кога ќе сретнеме некои невообичаени појави кои го менуваат веројатно на сите ни изгледаат језиви. Еден истражувач, Адам Ворхес, истражувајќи низ една колекција на зачувани човекови мозоци зачувана при Универзитетот во Тексас при пишувањето на својата нова книга, дошол во контакт со мозок кој ја нема традиционалната изгужваност на сивата кора.

Ваквата состојба која е генетски предизвикана има и медицинско име. Таа се нарекува Лисенцефалија (мазен мозок), и е причина за многу пореметувања во нормалниот развиток. Многу од тие што ја имаат не ја преживуваат својата 10-годишна возраст, а редовно имаат проблем со голтање, мускулни спазми, напади и слично.

Интересното е што сите мозоци кои биле зачувани на Универзитетот биле невообичаени и со разни пореметувања, но за нив фали документацијата која објаснува од кого се дојдени и какви симптоми покажувал сопственикот. Мозоците биле ставени во формалдехид и заборавени повеќе од 20 години во темен шкаф се` дур не ги нашол Ворхес. Овој лисенцефаличен мозок е огромна реткост дури и во друштвото на другите ретки пореметувања кои ги нашол во колекцијата тегли со мозоци.

Извор: IFScience, io9, New Scientist

Претходна статијаYouTube ја прекинува поддршката за постари уреди
Следна статијаВеб страните ќе можат да испраќаат нотификации во новата верзија од Google Chrome