knuckle-cracking

Некои луѓе уживаат или имаат опсесија да ги „испукаат“ зглобовите на рацете, нозете, вратот, па дури и некои други делови на телото (како карлицата на пример). На други им се „крева косата“ кога ќе чујат како некој се „крши“ пред нив и не можат да го поднесат звукот на „пукање“. Што всушност се случува во зглобовите кои при одредена тензија во некоја насока испуштаат звук?

Според научниците, тоа што го слушате се уништување на гасови. Имено, во секој зглоб постои таканаречена синовијална течност која се наоѓа меѓу две или повеќе коски и го намалува допирот и гребењето на коските во зглобот, а со тоа делува превентивно за зачувување на истите. Оваа течност е составена од разни гасови како кислород, јаглерод двооксид и азот.

Кога им пружате притисок на зглобовите кон една страна тогаш коските во зглобот се одвојуваат една од друга. При тоа ослободување се создава вакуум кој пак бива пополнет од балончиња од некој од погореспомнатите гасови. Тие балончиња многу брзо исчезнуваат, а тоа исчезнување го предизвикува звукот на „пукање“.

Според истражувањата, нема значителни индикации дека ваквата пракса предизвикува заболување на зглобовите или артрит. Можеби сте прочитале за Доналд Унгер, докторот кој сам преземал на себе да направи истражување со тоа што 60 години ги крцкал зглобовите само на едната рака. По 60 години и извршената анализа било пронајдено дека нема воопшто никаква разлика меѓу двете раце ниту знаци на оштетување или артрит. Така што слободно продолжете да ги „пукате“ зглобовите, само гледајте да не ги иритирате другите околу вас.

Извор: Science Dump, VOX

Претходна статијаSamsung патентираше смартфон кој може да се свитка околу раката и да се користи како паметен часовник!
Следна статијаКако да одберете најдобра слика за социјалните мрежи