Фотор од Pete Linforth преку Pixabay

Русија денес е на врвот на светските новости објавувајќи дека се првите во светот кои имаат развиено и одобрено вакцина против SARS-Cov-2, вирусот кој ја предизвикува COVID-19 болеста која го стави светот во најголемата криза досега, после светските војни.

Вакцината ја презентира лично претседателот на Русија Владимир Путин, кој истакна дека истата ја примиле неговите две ќерки. Тој исто така истакна дека вакцината покажала дека луѓето кои ја примаат развиваат имунитет и има се заблагодари на тие кои ја имаат развиено.

Инаку, вакцината е наречена „Спутник 5“ по првиот сателит во орбитата на Земјата од 1957 година, а е развиена од страна на Гамалеја Институтот од Москва.

Сепак, кога ќе се истражи оваа новост и ќе се види во која фаза од тестирањето е стигната вакцината, се доаѓа до заклучокот дека Русија се одлучи за потег којшто ќе ја стави на првото место, меѓутоа вакцината е далеку од спремна за официјално пуштање.

Спутник 5 вакцината е стигната до Фаза 3 од тестирањето, фаза која други вакцини ја имаат почнато, но никој не ни помислува да ги одобри. Причината за тоа е што третата фаза е можеби и најважната, која се започнува само доколку првите две фази покажат одредени ниво на ефикасност на вакцината и незначителни нус појави кај тие што ја примаат.

Во третата фаза се вклучуваат десетици илјадници луѓе кои доброволно се пријавуваат за вакцинирање, па по повеќе месеци на нивно следење се носи официјалниот заклучок за тоа дали вакцината навистина има ефект против вирусот и дали има нус појави.

Руската вакцина дури сега ќе влезе во оваа фаза, па е малку чудно што таа е официјално одобрена. Сепак, таа во месеците што следат ќе ја примат само неколку десетици илјади луѓе, како што би било планирано во Фаза 3 од тестирањето, па дури од септември или октомври се најавува помасовно вакцинирање.

Во светот има повеќе вакцини кои се стигнати до иста или поодмината фаза на тестирање, па русите се одлучија да ги „претркаат“ сите одобрувајќи недовршена вакцина.

Инаку, оваа вакцина е направена на тој начин што на друг вирус, од обична настинка, кој е ослабнат, е поставен протеинот кој SARS-Cov-2 го користи за влегување во здравите клетки. Со тоа имуниот систем на човекот треба да го препознае овој вирус доколку навистина влезе во организмот и успешно да се одбрани од него.

Друг проблем кој настанува со прераното одобрување на вакцината е што во светот уште постои дискусија дали и колку долготраен ефект може да има вакцина поради тоа што вирусот е доволно нов и уште има многу непознати околу него. Развој на вакцина во просек трае 5 години, но поради настанатата ситуација овој пат можеме да ги очекуваме во првите 18 до 24 месеци, што е одлична брзина.

ИЗВОРAP
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHyundai повторно го претстави својот IONIQ бренд со најава за 3 нови целосно електрични модели
Следна статијаБил Гејтс во интервју за Wired: Богатите земји ќе се справат со коронавирусот до крајот на 2021
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.