Истражувачи од Универзитетот за Технологија во Ајндховен објавија дека имаат успеано во нешто на кое се чека изминатите 50 години. Се работи за развој на легура со силициум со што силициумот ќе може да функционира на основа на светлина, односно фотони, наместо со електрони преку бакар и слично како до сега.
„Проблемот“ со електроните е што тие при движењето имаат голем отпор, поради што се создава и топлината при поголема работа, а ограничена е и брзината на размена на податоци, на крајот и потребната енергија за работа.
Кога се користи светлина овој проблем го нема поради што не се создава топлина, а се најавува и зголемување на брзината на размена на податоци за фактор од 1000. Ова можеме само да замислиме каква разлика ќе направи кај чиповите во иднина, а од Универзитетот истакнуваат дека едни од најголемите добитници ќе бидат дата центрите, како и автономните автомобили, медицинските инструменти и слично.

Причината поради која толку долго се чека на овој напредок е што силициумот не е баш погоден за емитување на светлина со цел да може да функционира на овој начин. Се барале решенија како да се надмине овој проблем по што е дојдено до користењето на посебна легура во комбинација со силициумот, како и поставувањето во посебна шестоаголна форма која исто така е клучна.
Техничките детали околу ова откритие можете да ги прочитате на официјалната страна на Универзитетот за Технологија во Ајндховен на овој линк.