Сончевото затемнување е настан кој се случува повремено и кој овозможува аматерско и професионално анализирање на најблиските вселенски тела и нивната поставеност – Земјата, Сонцето и Месечината. Затемнување на Сонцето се случува кога Месечината ќе се постави на директната линија меѓу него и Земјата, и тоа може да биде целосно или делумно.
Поради тоа што Земјата и Месечината постапно се оддалечуваат од себе, според анализата на сега познатите податоци кои велат дека за околу 650 милиони години ќе настане последното целосно затемнување. По тоа веќе нема да можеме да го забележиме овој природен феномен од површината, секако под услов до тогаш да остане да постои човештвото и да е воопшто заинтересирано за истиот.
На почетокот на заедништвото меѓу Земјата и Месечината, Земјата имала значително побрза брзина на ротација, свртувајќи еден ден за неколку часа, а Месечината била значително поблиску до „нас“. Со текот на времето гравитационата сила на Месечината ја забавувала Земјата во својата ротација до сегашните (приближно) 24 часа. Дури и ден денес поради овој сложен однос меѓу овие две вселенски тела Земјата продолжува да се забавува за 14 микросекунди годишно, што значи дека за отприлика 4 милиони години годината ќе трае точно 365 дена и нема да има потреба од сметање престапни години.
Поради истиот феномен на ротација Месечината се оддалечува од Земјата и некогаш ќе биде толку далеку што ќе се намали нејзиниот ефект врз Земјата, океаните (плима и осека), како и постепено ќе исчезнат целосните затемнувања на Сонцето. Засега целосните во однос на делумните затемнувања се во сооднос 50:50.