Shutterstock.com

Со оглед на тоа дека стриминг сервисите за филмови и серии обично се користат од повеќе корисници на една сметка, Netflix, на пример, овозможува креирање до 4 различни профили за да тие корисници можат да го користат сервисот независно од другите.

Со можноста да се креира посебен профил за секој што гледа на иста сметка, се овозможува да не се меша содржината што е почната или изгледана, а со тоа и препораките кои ги прави алгоритамот на сервисот за што друго да се гледа, врз основа на претходната содржина, односно вкусот на гледачот. Исто така, корисниците имаат можност да креираат листи за што сакаат да гледаат, па и тоа може да стане малку преполно доколку го прават повеќе од еден корисник.

Amazon Prime Video како голем конкурент на Netflix ја немаше оваа можност се до март оваа година кога конечно го најави воведувањето на истата. За почеток сепак беше достапна само во одредени земји, па сега функцијата е овозможена за сите корисници во светот.

За разлика од Netflix, Amazon Prime Video на корисниците им овозможува креирање на до 6 различни профили на истата сметка, а во нив може да се вклучат и детски профили на кои ќе им биде прикажувана само содржина погодна за помалите гледачи.

Креирањето на посебен профил може да се направи преку веб, но и преку апликациите од сервисот, со одење во делот „My stuff“, односно со притискање на иконата од сметката. Сега место само еден профил, ќе може да се креира нов и да се започне со посебното гледање на содржина.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаFacebook Messenger доби можност за споделување на екранот за време на видео разговори на мобилните апликации
Следна статијаНишто од намалувањето на потрошувачката на RAM кај Microsoft Edge и Google Chrome во Windows 10 May 2020
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.