Познатиот, но не секогаш баш по добро, сервис Omegle престана со работа после 14 години од претставувањето. Omegle им е познат на повеќето од вас, иако не сите го користат или користеле. Сервисот овозможува анонимно поврзување преку видео повик со корисници по случаен избор.

Разговорите траат колку што двете страни би сакале, односно во секој момент може да се избере да биде прикажан друг корисник по случаен избор.

Сопственикот на Omegle, кој сервисот го пушта во употреба кога имал 18 години, раскажува за неговиот живот и причината зошто пуштил еден ваков сервис.

Тој исто така говори за негативните страни на Omegle, но истакнува за тоа дека цела екипа има работено на нивно спречување, како и пријавување на властите и соработка со нив.

„За жал, има и слаби страни. Практично секоја алатка може да се користи за добро или за зло, а тоа особено важи за алатките за комуникација, поради нивната вродена флексибилност. Телефонот може да се користи за да и посакате „среќен роденден“ на вашата баба, но може да се користи и за повикување закана со бомба. Не може да има искрена проценка за Омегле без да се признае дека некои луѓе го злоупотребиле, вклучително и за да извршат неискажливо грозоморни злосторства.“

Како причина за откажување на сервисот се истакнува големата работа која е потребна за справување со сите негативни страни, а посебно сега во време кога сервисот почнал да добива и најмногу критики. Тие одат до таму да сервисот е нападнат, а кратко кажано, според „напаѓачите“ тој и не треба да постои.

„Во последниве години, се чини дека целиот свет стана полут. Можеби тоа има врска со пандемијата или со политички несогласувања. Без оглед на причината, луѓето станаа побрзи да напаѓаат и побавно ја препознаваат заедничката хуманост. Еден аспект од ова е постојана низа напади врз комуникациски услуги, вклучително и Omegle, врз основа на однесувањето на злонамерна подгрупа на корисници.“

Ова секако не е единствениот ваков сервис, па активните корисници сигурно ќе најдат замена за него.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Omegle
Претходна статијаДоаѓа новата ера на Galaxy AI – Краток увид
Следна статијаSignal тестира користење на кориснички имиња наместо телефонски броеви
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.